Растеме среќни умови, градиме силна основа!
Приватна детска градинка за деца од 8 месеци до 6 годишна возраст — пространи осветлени занимални, прекрасен двор и италијанска програма. Скопје · Кочани.
Accademia dei bambini 🇮🇹
⭐ Оценети со највисоки оценки од Министерството за труд и социјална работа
Кои сме ние
11 години посветен ран детски развој
Приватната детска градинка Амичи работи веќе 11 години и успешно се рангира на високо место кога станува збор за квалитетен воспитно-образовен процес и згрижување на деца од осум месеци до шест годишна возраст. Нашата работа и стандардите по кои работиме се оценети со највисоки позитивни оценки од страна на Министерството за труд и социјална работа.
11 години посветено и максимално се вложуваме во квалитетен ран детски развој на најмалите и со гордост можеме да кажеме дека испративме многу генерации подготвени првачиња, полни со знаења за во училишните клупи.
Освен во Кочани, нашата градинка ја проширивме со објект во Скопје, Тафталиџе 2 — современ, нов и безбеден простор со прекрасен двор, пространи и природно осветлени занимални, опремени по најсовремени светски стандарди.
Ден полн со чуда
Сè што му е потребно на еден мал истражувач — на едно место.
Програма и активности
Истражување, набљудување и игра — внимателно испланирани секој ден.
Дознај повеќе →Италијанска програма
Јазик, култура и уметност — во соработка со Италијанската Амбасада.
Дознај повеќе →Двор и игри на отворено
Простран двор и трпезарија на отворено — на трева, на сонце.
Дознај повеќе →Нашата кујна
Секој оброк е подготвен во нашата кујна, по мерка на секое дете.
Дознај повеќе →Каде да нè најдете
Скопје
ул. Софиска 16 — Тафталиџе 2
Современ и безбеден простор со прекрасен двор.
📍 Види на мапаКочани
ул. Стево Теодосиевски 19-1/1
Каде што започна приказната Амичи — пред 11 години.
📍 Види на мапа